Червар останува селектор на хрватската репрезентација

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Лино Червар останува селектор на „коцкастите“.

Минатиот месец тренерот на Металург со хрватската репрезентација не успеа на домашен терен на Европското првенство да освои медал, на крајот заврши на петтото место.

Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација го прифати извештајот и одлучи да ја продолжи соработката со сегашниот селектор.

Имаат доверба во 67-годишниот искусен стратег, УО на федерацијата ја донесе одлуката, и извештајот на Червар доби преодна оценка.