Челинџ куп, 1/8: Еурофарм Работник со негатива ќе патува во Норвешка!

Се одигра првиот натпревар од осминафиналето на машкиот ракометен Челинџ куп…

Во Битола во спортската сала „Младост“ составот на Еурофарм Работник загуби со конечен резултат 22:25 (11:12) од Филинген Берген.

Најефикасни во редовите на македонската екипа беа Крстевски со шест голови, следен од Дрогришки со пет и Граџан со четири. Три реализираше Пецаковски, два Ојлески, а по еден Чурлевски и З. Мојсоски.

На спротивната страна по шест погодоци запишаа Јохансен и Матиќ, пет забележа Стенквист, по три Хвидстен и Мосестад, а по еден Феркингстад и Лунде.

На тој начин избраниците на тренерот Илија Темелковски ќе патуваат во Норвешка во негатива, реваншот е закажан за 17. февруари со почеток од 16:00 ч.