Челинџ куп: „Експресно“ елиминиран ЖРК Куманово, за два дена примени 95 голови!

Како и ЖРК Металург, така и ЖРК Куманово експресно беше елиминиран во третото коло од европскиот Челинџ куп во женска конкуреција.

Македонскиот женски ракометен клуб на Куманово своите два меча ги имаше во Полска, каде што со два високи порази го заврши европскиот настап.

Откако најпрвин загуби со 54:13, денеска во вториот дуел поразот беше со помала разлика (41:18) и на тој начин во следната рунда се пласираше полскиот состав на МКС Селгрос Лублин.

На првиот дуел најефикасна за нашиот претставник беше левиот бек Пеовска со пет голови, а во денешната средба по шест погодоци забележаа средниот бек Боризовска и десниот бек Кипријановска.