Бундеслига: „Зебрите“ во победничка атмосфера доаѓаат во Скопје!

Денеска во рамките од 30. коло во Бундеслигата убедлива победа за екипата на Кил…

На гостински терен избраниците на тренерот Гисласон со резултат 16:28 (8:14) го совладаа составот на Лајпциг.

Се одиграа уште три мечеви од оваа првенствена рунда: Гумерсбах-Минден 24:22, Лемго-Гепинген 29:27 и Штутгарт-Фленсбург 28:35.

Кил: Ландин (7 одб.), Волф (6 одб.), Дувњак 1, Фирнбахер, Дисингер 1, Винцек 4, Екберг 1, Френд Офорс, Рамел 5, Зарабец, Вујин 3, Билик 6, Нилсон 5, Сантош 2.

Во целост Кил го контролираше резултатот од првата минута, иако домаќините водеа рамноправна битка се до 12. мин. кога беше нерешено 4:4. Следуваше серија на фаворитот од 5:0 што беше клучна и предноста до самиот крај рутински се одржуваше и истата постепено растеше во текот на мечот.

Во составот на Кил не се наоѓаа едни од постандардните играчи, Руне Дамке и Рене Тофт Хансен, а Стефан Вајнхолд се пожали на повреда на бутот после првите 60. минути со Вардар во четвртфиналето од ЛШ.

На табелата популарните „зебри“ се наоѓаат на четвртото место после шестиот триумф по ред (21. во сезоната) со 43 бодови, зад водечкото трио Рајн-Некар Левен (48), Фленсбург (48) и Магдебург (44).

Да потсетиме, реванш натпреварот помеѓу Вардар и Кил во Лигата на шампионите ќе се одигра в недела од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а „црвено-црните“ имаат минимална предност од првиот меч со 28:29.