Бундеслига: Талески одличен во победата на Рајн-Некар против Лемго!

Во 20. коло од најсилната германска ракометна лига нов триумф за популарните „лавови“…

На домашен терен составот на Рајн-Некар Левен со конечен резултат 38:17 (23:4) го декласираа Лемго.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески беше одличен како втор стрелец со четири голови без грешка (4/4), а поефикасни од него беа само Шмид и Гроецки по пет погодоци.

Останува на врвот Рајн-Некар со 34 бодови, три повеќе од второпласираниот Хановер-Бургдорф, а на делба на третата позиција се Фленсбург и Фуксе Берлин со по 30.

Следниот бундеслигашки дуел Рајн-Некар ќе го има на 1. март на гостувањето кај Минден. До тој меч во меѓувреме тимот ќе одигра три натпревари од Лигата на шампионите дома против Пик Сегед и Кристијанштад и на гости кај полската Висла.