Божовиќ пред ЕУРО: Дали дуелот против Македонија ќе биде пресуден?

Милош Божовиќ верува дека црногорската репрезентација може да се најде во втората фаза од Европскиот шампионат во Хрватска.

Херојот на Црногорците за пласман на ЕУРО 2018, говореше за „Sportklub“, дека настапот во Хрватска е успех, но и дека нема да се предадат лесно против никого.

Групата во која се наоѓаме на ЕП е силна, но нема слаби групи. Ривалите ја имаат фаворитската улога, но дефинитивно ќе мора да се помачат ако сакаат да бидат подобри од нас на теренот.

Како и сите во тимот, верувам дека ќе успееме да се најдеме во втората фаза од континенталното натпреварување.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Јовиќ за Спорт365: Томовски заслужува да биде во Топ 3 голмани во македонската репрезентација за ЕУРО – одлучувачки дуелот со Црна Гора!

Дали дуелот против Македонија ќе биде пресуден? Во секој меч одиме на победа, па и против Македонија. Ако таа пресметка биде одлучувачка, ќе бидеме максимално подготвени“, рече Божовиќ.

Црна Гора е во групата Ц (Арена Загреб) заедно со Македонија, Словенија и Германија. Црногорците првиот меч ќе го имаат на 13. јануари од 17:15 часот против Германија, а со нас ќе се сретнат во второто коло на 15. јануари од 20:30 ч.