Бодрете го македонскиот шампион: Продажба на билети за СЕХА Ф4 турнирот во Скопје!

Започна продажбата на БЛОК билети за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански” од 13 до 15 април.

До 1 април 2018 година се продаваат БЛОК билети за двата натпреварувачки денови по цена од 300 денари.

Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.

Повеќе информации може да се добијат на следниот емаил: info@ticketplus.mk и на телефонскиот број +389 2 2401 980

Сезонските билети издадени од клубот пред почетокот на сезоната не важат за овој Ф4, бидејќи Вардар е само технички соорганизатор на настанот

Цени на блок билети за 13.04 – 15.04:

Блок – 13,14 – 300 денари
Блок – А5, А6 – 300 денари,
Блок – А1, А4 – 200 денари

Саатници на натпреварите
петок, 13 април

Вардар – Мешков 17,45 часот

ППД Загреб – Целје 20,15 часот

недела, 15 април

меч за 3 место – 17,45 часот
финале – 20.15 часот