Блескаше во полуфиналето на Ф4: Штербик со 19 одбрани го запре Мешков Брест! (ВИДЕО)

Вардар ќе се бори по шести пат за титулата во регионалната СЕХА Газпром лигата откако по полуфиналето на Ф4 турнирот го победи Мешков со 33:24 (17:14).

„Црвено-црните” се на пат да станат прв екипа со четири титули во СЕХА, и втор тим што успеал да слави две сезони ред и плус пред домашна публика.

Финалето се игра во недела во 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански”. Продолжува доминацијата на Вардар во меѓусебните дуело со Мешков.

Ова беше 13. меч и ова е осми тримф во СЕХА лигата, Мешков беше единствен тим што сезонава му зема бод на Вардар во СЕХА лигата, но сега „црвено-црните” вратија со камата.

Дефинитивно еден од најзаслужните за пласманот во финалето беше голманот на европскиот шампион, Арпад Штербик со 19. одбрани. Погледнете дел од нив на видео записот:

Фото: seha-liga.com