Барселона продолжува да „гази“ во АСОБАЛ лигата, Ристовски со 15 одбрани!

Во 18. коло од најсилното шпанско ракометно првенство составот на Барселона забележа нов триумф…

На гостувањето кај Пуенте Хенил каталонскиот гигант славеше со конечни 19:38, иако на полувремето имаше „само“ плус шест позитива (10:16).

Македонскиот голман Борко Ристовски забележа 15 одбрани (1 сед.), додека од стрелците се издвои Валеро Ривера со девет голови.

Останува цврсто на врвот на табелата Барса со 35 бодови која во следното коло на 21. февруари дома ја очекува дербито против второпласираниот Адемар.