АСОБАЛ: Запрена победничката серија на Ристовски и Барселона!

После 12 победи по ред од почетокот на сезоната во најквалитетната шпанска лига, дојде крај на успешната серија на каталонскиот гигант.

Барселона ремизираше на гостувањето кај Гвадалахара со резултат 26:26, иако водеше фаворитот после првото полувреме со четири голови разлика (13:17).

Македонскиот голман Борко Ристовски забележа шест одбрани од кои еден седмерец, додека неговиот тимски колега Перез де Варгас имаше седум одбрани (еден пенал).

Кај стрелците доминираше Валеро Ривера со седум погодоци (7/7) за гостите, а кај домаќините блескаше Маркез Колома со девет (9/14).

На табелата останува водечка Барса со 25 бодови после 13 кола, пред второпласираната Анаитасуна, а трета е Гвадалахара со 18.

Во следната лигашка рунда Барселона ќе има уште едно дерби на домашен терен кое ќе се одигра на 9. декември против Анаитасуна.