АСОБАЛ: Гранољерс во стилот на Вардар им го нанесе првиот пораз на Барса и Ристовски! (ВИДЕО)

Вчера заврши една од најдолгите серии (четири години) без пораз на ракометните терени…

Во рамките од 26. коло во најсилната шпанска АСОБАЛ лига составот на Барселона среде „Блауграна“ загуби од Гранољерс со 28:29 и тоа со погодок примен во последните секунди.

Во редовите на каталонскиот гигант (кој уште од претходно ја освои титулата) настапи македонскиот голман Борко Ристовски со шест одбрани, една повеќе од неговиот тимски колега Перез де Варгас.

Кај стрелците се издвои Валеро Ривера со шест погодоци, а на спротивната страна за гостите седум запиша Фигуерас Трехо.

Барса е сигурно прва со 49 бодови, а до крајот на сезоната во шампионатот има да одигра уште четири мечеви, дома против Гвадалахара и Теукро, и на гости кај Замора и Анаитасуна.