АСОБАЛ: Барселона доминираше и против Замора, Ристовски со 16 одбрани!

Денеска во 27. коло од најсилното шпанско ракометно првенство, составот на Барселона ја оправда фаворитската улога и против Замора (23:36).

Одново одлична партија имаше македонскиот голман Борко Ристовски кој забележа 16. одбрани од кои еден седмерец.

Од стрелците кај неговите тимски колеги најдобро се истакнаа Доленец со седум и Лен со шест постигнати голови.

Каталонскиот гигант кој уште од претходно ја обезбеди титулата во АСОБАЛ лигата до крајот на сезоната има да одигра уште три мечеви: Гвадалахара (дома), Анаитасуна (гости) и Теукро (дома).