250.000 евра ако Германија ја одбрани титулата на ЕУРО!

Ракометната репрезентација на Германија на престојното Европско првенство во Хрватска ќе ја брани титулата.

Да потсетиме, на претходното ЕУРО во Полска пред две години во големото финале ја совлада Шпанија со 24:17 и го освои второто европско злато после 2004. во Словенија.

Во Загреб патуваат во силен состав со големи амбиции да го повторат големиот успех, а овојпат се наоѓаат во групата Ц со Македонија, Словенија и Црна Гора.

Доколку го повторат успехот и ја одбранат европската титула ќе добијат германските репрезентативци вкупно 250.000 илјади евра за златен медал, за сребро 200.000, а за бронза 150.000, изјави потпретседателот на германската ракометна федерација, Боб Ханинг.

Момците и пред две години добија премија од 250.000 евра, но тогаш во износот беа вклучени и спонзорските средства“, вели Ханинг.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Еве со кои 16 ракометари ќе патува Германија на ЕП!

Лазаров: Би било нереално ако кажам дека ќе ги победиме Словенија и Германија, а потоа Данска и Шпанија!

РЕХАУ Македонија е нов партнер на Ракометната репрезентација

Сакаме да одиграме едно добро првенство. Спремни сме за тоа и фокусирани. Многу добро знаеме дека пред нас следува тешка „мисија“, бидејќи поставивме високи цели.

Подготвени сме за овој притисок, бидејќи секогаш го сакаме најдоброто. Според мене неуспех би било ако не се најдеме во полуфиналето“, рече селекторот на Германија, Кристијан Прокоп.