„Пет од пет“ во ЛШ, Лазаров и Нант во „нокаут-фазата“!

Во рамките од деветтото коло во Лигата на шампионите, Нант дома со 32:30 ја совлада Висла.

Ова е петта победа по ред за францускиот клуб и на тој начин обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Свој придонес во важните бодови имаше и македонскиот десен репрезентативен бек Кирил Лазаров со три погодоци, прв стрелец беше Буриќ со седум. На спротивната страна за полскиот претставник Дуарте забележа пет погодоци, а поранешниот член на Металург, Обрадовиќ три.

На табелата во групата А Нант е на второто место со 13 бодови, два помалку зад Вардар кој својот меч ќе го има в недела (19:00 ч.) на гостувањето кај Рајн Некар.

-ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ-

Темелков одново прв стрелец, Георгиевски осминафиналист во Челинџ купот

Се одиграа реванш натпреварите од третото коло во европскиот Челинџ куп.

Елиминиран е составот на Каерјенг од Луксембург, кој триумфираше дома со 28:26, но поради поразот на првиот меч од 31:27 во Русија го заврши настапот на меѓународната сцена.

Повторно нашето десно крило Владимир Темелков беше прв стрелец против СКИФ Краснодар и повторно со осум реализирани голови.

Откако во првиот меч триумфираше со 43:23, и на реваншот беше убедлив претставникот на Луксембург, Ред Бојс Диферданж против бугарската Добруџа со 36:26. Овојпат на реваншот во листата на стрелците не се запиша левиот бек Дарко Георгиевски.

Да додадеме уште дека досега во осминафиналето од Челинџ купот се пласираа: СКИФ Краснодар (Русија), Ред Бојс Диферданж (Луксембург), Еурофарм Работник (Македонија), Визе (Белгија), Зрињски (Босна и Херцеговина), АЕК (Грција), Рамхат Хашарон (Израел), Мадеира (Португалија), Динамо-Виктор (Русија), ЗНТУ (Украина), Вестманаејар (Исланд) и Бистрица (Словачка).