Норвешка непрекинато „гази“: Преку Холандија во ново мундијалско финале!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Норвешка обезбеди ново финале на Светските првенства…

Денеска во првото полуфинале на СП што се одржува во Германија со конечен убедлив резултат 32:23 (17:10) ја совлада Холандија.

Најефикасна беше Нора Мерк со осум голови, додека за „лалињата“ блескаше Ван Дер Хејден со пет постигнати погодоци.

Норвежанките кои се и бранители на светската титула, во големото финале ќе играат против победникот од второто полуфинале кое што е на програмата вечерва од 20:45 часот помеѓу Шведска и француската селекција во чии редови настапуваат две ракометарки на македонскиот шампион Вардар, Амандин Лејно и Александра Лакрабер.

Финалната борба за златниот медал ќе се одигра на 17. декември со почеток од 17:30 часот во „Берклејкард“ Арената во Хамбург.

Од аспект на статистиката исто така доминира Норвешка, кај стрелците Мерк е првопласирана со 59 голови, додека кај голманките Катрине Лунде со 89 одбрани од 199 удари или 45%.