Миркуловски и Талески без голови во новите мечеви од Бундеслигата

Уште двајца македонски репрезентавци кои треба да се приклучат на останатите во националната селекција во подготовките за ЕУРО 2018…

Филип Миркуловски и Филип Талески беа во своите состави во новото коло од Бундеслигата, но не се запишаа во листата на стрелците.

Рајн-Некар Левен на Талески продолжува со победничката серија, до 16. триумф дојде над Штутгарт со конечен резултат 29:23.

Вецлар на Миркуловски го претрпе новиот пораз оваа сезона од тимот на Минден со 26:24. На табелата Рајн-Некар е прв со 32 бодови, додека Вецлар е на 10. позиција со 16.

Да додадеме уште дека соиграч на Талески го продолжи договорот со „лавовите“, станува збор за Гудјон Валур Сигирдсон до 2019. година.