Манасков убедливо подобар од Маркоски во македонскиот дуел во Унгарија!

И во 15. коло од најсилното унгарско првенство нови бодови за составот на Веспрем.

На домашен терен убедливо беше совладан Орошази со конечен резултат 37:20, иако на полувремето беше „само“ плус шест (18:12).

Нов настап имаа македонските интернационалци, за домаќините левото крило Дејан Манасков имаше еден погодок, а за гостите пивотот Никола Маркоски двапати се запиша во листата на стрелците.

На табелата Веспрем води со максимални 30 бодови и еден меч помалку во однос на второпласираниот Пик Сегед. Ова беше последен првенствен меч за Веспрем годинава, а во следната првата пресметка ќе ја има 3. февруари на гостувањето кај Ѓенѓеш.