Манасков и Веспрем со трофејот во Купот на Унгарија

Денеска составот на Веспрем го освои трофејот во Купот на Унгарија 2018…

Во големото финале тимот на Веспрем со резултат 23:21 успеа да го совлада Пик Сегед, иако на полувремето имаше негатива од 11:10.

Во освојувањето на својата 27. куп титула придонес имаше македонското лево репрезентативно крило Дејан Манасков со два голови.

Од неговите тимски колеги најефикасни беа Лекаи со шест голови, по четири имаа Наѓи и Ненадиќ, а на спротивната страна за Пик Сегед по четири погодоци запишаа Бодо и Сигурмансон.