Македонија ја презентираше својата кандидатура за ЕП 2022

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во Загреб беа дел од денешното официјално претставување на заедничката кандидатура на Македонија, Црна Гора и на Словенија за организација на женското ЕП во 2022 година.

Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, е единствениот кандидат за организација на женското сениорско ЕП 2022 година, а присуството на сите три делегации во Загреб беше одлична можност за да се промовира овој настан.

Првенството ќе се организира во четири града, Скопје (Борис Трајковски), Љубљана, Подгорица и Целје. Во Македонија ќе се играат натпревари од прелиминарната и од главната рунда, а во Љубљана ќе се игра финалната рунда.

Убеден сум дека ќе имаме добра организација, со оглед дека имаме одлична соработка, како и максимална доверба во раководството на РФМ. Градот Скопје ќе биде коорганизатор на еден голем ракометен настан, веруваме дека ќе ја добиеме организацијата, а потоа ќе сториме се за да бидеме добри домаќини. Европското првенство ќе се одржи во 2022 година, Скопје има две спортски сали кои можат да го носат овој проект, а периодот некако ќе се поклопи и со крајот на мојот мандат како градоначалник. Ќе работиме напорно за да се претставиме во најубаво светло“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Оптимист сум околу оваа кандидатура и мислам дека имаме големи шанси да ја добиеме организацијата на ЕП за жени во 2022 година. Скопје се вклучува како коорганизатор, заедно со Љубљана и со Подгорица, и веруваме дека можеме да направиме многу за развој на ракометот во регионот. Ќе биде тоа одлична презентација на градот Скопје и на нашата земја Македонија. Што се однесува до ракометот, ќе биде одлична можност да го подигнеме и нивото на женскиот репрезентативен ракомет кај нас, кој јасно е дека стагнира во однос на машкиот“, изјави Живко Мукаетов.

„Ракометот во Македонија е спорт број еден и драмо ми е што е така. Како федерација понудивме опции, арената Борис Трајковски која ги исполнува сите услови. Хотелски капацитети ги имаме Мериот, Парк хотели на многу високо ниво,Александар Палас и Контитнетал. Мислам дека имаме капацитети да организираме добро првенство, на кое сите држави ќе бидат одлично преставени“, изјави генералниот секретар на РФМ“, Филип Милошевски.

Фото: rkmetalurg.mk