ЛШ: Суслина меѓу најдобрите пет одбрани на колото (ВИДЕО)

Вардар триумфираше во Германија кај Турингер со 29-21 во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите продолжувајќи ја добрата серија.

Голманите на македонскиот женски ракометен клуб имаа заедно 15 одбрани на натпреварот. Една одбранета топка во второто полувреме на Ина Суслина беше избрана во најдобрите пет на колото.

Руската интернационалка имаше и одбранети пенали, зицери и на моменти ги излудуваше противничките играчи. Суслина игра во одлична форма.

Најдобрите пет одбрани на колото можете да ги видите на следниот линк.

http://www.ehftv.com/int/video/2017-10-15-top-5-saves-round-02

Топ 3 ѕвезди на колото –
http://www.ehftv.com/int/video/3-stars-round-02

Топ 5 голови – http://www.ehftv.com/int/video/2017-10-15-top-5-goals-round-02