ЛШ: Рамноправен до самиот финиш, Металург загуби од Монпеље!

Во својот седми натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите во рамките од групата Д, македонскиот ракометен клуб на Металург вечерва во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје загуби од Монпелје со 21:27.

Французите сигурно стартуваа со предност од 0:2, вториот беше дело на Гигу од контранапад после четири минути, а првиот погодок на нашиот состав се случи во следниот напад преку Пешевски. Откако Анѓелиќ не беше прецизен за израмнување, казни Косе на спротивната страна од крило. Јагањац ги врза првите два голови на мечот, но и понатаму беше минус еден на семафорот (3:4, 9. мин.)

Евидентна беше желбата, борбеноста, цврстината во самите дуели кај „сино-белите“ барем до првите 15. минути игра, сеуште се водеше резултатска неизвесност, а не му се дозволуваше на фаворитот да се одлепи на повеќе од два голови разлика. За минус еден се погрижи повторно Пешевски кој беше најрасположен за тресење на противничката мрежа, со што ја активираше уште повеќе публиката (7:8, 17. мин.). Дојде и посакуваното израмнување, Јагањац по три пет се запиша во листата на стрелците, задоволителна беше и одбраната, тоа го награди публиката со аплаузи. Но, брзиот и искусен Гигу најде пукнатика и ја врати минималната предност на Монпелје, но затоа брзо возврати Анѓелиќ со неговиот втор погодок на средбата.

Неколкучудни судиски одлуки на Шпанците кои му наштетија на нашиот тим, затоа и скоро секоја своја акција противникот ја користеше со погодок, што и на крајот по првите 30 беше остана плус два (14:16).

Во моментите кога беше исклучен Бонефон, левото крило Илиќ постигна еден „цепелин“ за 15:17 после осум минути игра во вориот дел. Истиот играч повторно беше исклучен за краток периодм а тоа го искористи десното крило Гуглета, а откако згрешија ривалите во следниот ,  Димитриевски стрелаше во празната мрежа за само 17:18.

На нешто над 10. минути игра до крајот на мечот тимот од „Автокоманда“ имаше шанса за ново израмнување, но Јагањац шутираше покрај, тоа го казни веднаш десното крило Косе за 21:23.

Во незгоден момент противникот направи серија од 3:0 и на четири и пол минути до крајот беше 21:26, а една од клучните алки кај Монпелје беше и голманот Жерар кој собра 10 интервенции. Полека откажуваше нападот на Металург, неколку загубени топки, тоа противникот го казнуваше рутински си ја одработуваше задачата, не

Металург-Монпелје 21:27 (14:16)

Металург: Арсиќ (5 одб.), Томовски (3 одб.), Анџелиќ 4, Димитриевски 1, Гуглета 1, Илиќ 1, Јагањац 5, Кузмановски 1, Лазаревски, Палевски, Пешевски 5, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ, Велковски 1.

Лига на шампиони

Табела, после 7. кола:

1.Монпелје 14 бодови

2.Мотор Запорожје 9

3.Спортинг 6

4.Металург 5

5.Бешикташ 5

6.Чеховски Медведи 3

Во наредното 8. коло ракометниот клуб на Металург ќе го игра на 18. ноември во Турција против Бешикташ (16:00 ч.)