ЛШ, Канелјас: И покрај победата, не сме фаворити на реваншот против Кил!

Пласманот на Ф4 турнирот и одбраната на европската титула стануваат реалност и се поблиску до реализација по победата во Германија…

Резултат и минималната победа на македонскиот и европски шампион од 28-29 против Кил во првиот четврт-финален натпревар од ЛШ секако не гарантира сигурен пласман на завршницата во Келн.

Вардарци го оправдаа фаворитскиот статус осварувајќи ја 55. победа во групната фаза од ЛШ и прв триумф на гости против Кил.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес:

Многу сме среќни поради победата, бидејќи е многу тешко да се игра во „Шпаркасе“ Арената, Кил има добар тренер и играчи.

Ние многу добро го започнавме мечот, одбраната во првото полувреме беше скоро перфектна, многу ни помогнаа и контра-нападите.

Во второто полувреме среќата не беше на наша страна, но ова е само „првото полувреме“, Кил поседува квалитет и знае како да триумфира на гостувањата“.

Ракометарот на Вардар, Жоан Канелјас:

Многу сум среќен поради успехот, имавме одлично прво полувреме. Во второто имавме проблеми во нашите напади и Кил ја искористи можноста да го сврти натпреварот во своја корист“.

Но, успеавме да останеме фокусирани на дуелот, тоа беше многу важно во овој тежок меч, затоа што се е можно на реваншот во Скопје каде што сметам дека не сме фаворити и покрај минималната победа“.

Реваншот ќе се игра во недела (29. април 2018 год.) во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 17:00 часот.