ЛШ, Дибирова: Се подготвуваме на секој план, не го потценуваме Митјиланд!

Ракометарките на Вардар се на добар пат да бидат единствен тим што по петти пат ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите…

Остануваат уште 60 минути до потврда на тој успех, а реванш натпреварот против данскиот состав на Митјиланд почнува со предност за македонскиот женски ракометен клуб. На првиот натпревар во Данска нашите ракометарки победија со резултат 23:24.

Сега останува да се потврди квалитетот на тимот од кого сите очекуваат искачување на европскиот врв. Тоа лани за малку не им успеа, а ова е последната шанса тоа да се направи.

Во тимот се свесни дека иако Вардар е фаворит воопшто нема да биде лесно да се стигне до Будимпешта. Тоа го покажа и првиот меч во Данска каде во текот на натпреварот домаќинките беа во водство користејќи ги сите шанси и казнувајќи ги сите грешки на Вардарки во првиот меч.

Добро знаеме што е нашата задача на дуелот в сабота. Во Данска имавме катастрофално прво полувреме, но во вториот дел го спасивме мечот. Знаеме што не очекува. Добро е што победивме. Направивме анализа на првиот меч и подготвени сме за оваа средба.

Мораме да бидеме далеку подобри доколку сакаме да направиме добар резултат. Работевме напорно и сите сме подготвени за она што ни претстои. Очекуваме добар резултат. Се подготвуваме на секој план, и тактички и психолошки. Нема потценување на противникот“, изјави тренерот на „црвено-црните“, Дибирова.

Натпреварот Вардар – Митјиланд е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански – Скопје”.

Билетите се продаваат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”

Фото: zrkvardar.mk