ЛШ, Гонзалес: Не се знае дали ќе играат Македа и Мораеш против Кристијанштад!

Вардарци се подготвени со победа да го завршат и последниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите за 2017 година против Кристијанштад од Шведска.

Целта е да се задржи бодовната разлика помеѓу македонските и европски шампиони како лидери на табелата во група А и другите екипи. Средбата е закажана за в сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Очекувам тежок натпревар зашто Кристијанштад имаат добри играчи. Знам дека сме во многу добра ситуација, зашто сме прво место во групата до феваруари.

На гости против Кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа се противници кои играат брзо, имаат добар контранапад.

Против Пик Сегед одиграа многу добар натпревар, многу брза игра. Очекувам и тука в сабота да биде слично зашто имаат многу добри играчи, со искуство и играат брз контранапад. Утре имаме тренинзи.

Не се знае сѐ уште дали ќе играат Хорхе Македа и Рожерио Мораеш“, вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Фото: rkvardar.mk/Денис Дуковски