Легендата Манасков: Прашање е колку ќе може Лазаров да го издржи темпото на ЕП!

Легендата на македонскиот ркаомет, Пепи Манасков, ги гледаше подготвителните натпревари на нашата селекција во Белград.

Да потсетиме, во подготовките пред учеството на Европското првенство во Хрватска, избраниците на селекторот Раул Гонзалес за два дена славеа победи над Саудиска Арабија (37:21) и Србија (32:29).

Манасков за „Балкан-Хандбал“ ги сподели очекувањата во пресрет на ЕУРО, запрашан колку Македонија ќе се разликува во времето на Гонзалес во однос на она што го имаше Червар, тој одговори:

Очекувам поразлична Македонија, бековската линија е подмладена. Талески и Кузмановски на ова ЕП би требало да го покажат својот квалитет. Се уште не се зрели, но многу напредуваа играјќи за своите клубови.

Го имаме искусниот Лазаров на десната страна, воедно на таа позиција постои дефицит, а Кире е веќе во години (37) и прашање е колку ќе може да го издржи напорното темпо на евро-шампионатот“.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ПЕПИ МАНАСКОВ ЗА „БАЛКАН-ХАНДБАЛ“ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА