Лазаров: Секоја чест на навивачите, Манасков: Освоивме два важни бода! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец имаше седум голови од 14 обиди во првиот триумф на Македонија на ЕУРО 2018.

Кирил Лазаров им се заблагодарува на нашите навивачи кои беа во голем број и направија одлична атмосфера во Арената во Загреб.

Секоја чест на нашите навивачи. Ги имаше многу повеќе во однос ако игравме во Скопје. И поради нив игравме под голем притисок. Мораме да имаме душа и им се врати за одличната поддршка. Ваквите мечеви се навистина тешки, ги добива срцето! Николче нас не врати во живот“, рече Лазаров кој го истакна нашиот голман Никола Митревски кој исто така имаше клучен придонес во триумфот забележувајжи 10 одбрани и еден запрен седмерец.

Единствено поефикасен од нашиот десен бек, беше левото крило Дејан Манасков кој осум пати се запиша во листата на стрелците.

Беше навистина еден тежок натпревар со оглед на тоа што немавме добра традиција против Словенија – немаме многу победи во нашите меѓусебни мечеви, па затоа овие се два важни бодови за нас во еврошампионатот.

Секогаш е тешко да се игра на стартот, притисокот беше на високо ниво. Не започнавме како што посакувавме, имавме многу нереализирани удари, но во второто полувреме бевме подобри и ги заслуживме бодовите“, вели Манасков.

ЕП Хрватска 2018

1. коло (Група Ц, Загреб)

Германија-Црна Гора 32:19
Македонија-Словенија 25:24

Табела:

1.Германија 2 бодови
2.Македонија 2
3.Словенија 0
4.Црна Гора 0

Наредно, 2. коло (двојки):

15. јануари (понеделник)

18:15 ч. Словенија-Германија
20:30 ч. Црна Гора-Македонија

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic