Квалификации ЕП: Македонија без Бајрамовска против Шведска

Македонската женска сениорска репрезентација рано утрово отпатува за Лунд, Шведска, каде утре од 18:30 часот ќе го одигра првиот меч од квалификациската група за пласман на ЕП 2018 против фаворизираната домашна селекција.

Селекторот Симе Симовски за Шведска отпатува со 17 ракометарки:
Голмани: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска;
Бекови: Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Душица Ѓоргиевска, Елена Ѓоргиевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска;
Крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска
Пикери: Ивана Гакидова, Марија Николиќ

Информациите велат дека во тимот не се наоѓа Мирјета Бајрамовска која се повредила на една од тренинзите на ЖРК Вардар, информираше селекторот Симовски за ТВ „Канал 5“.

По завршувањето на средбата во Лунд, нашата репрезентација се враќа во Скопје каде продолжува со подготовките за втората средба од Квалификациите за ЕП против Србија во Скопје. Мечот ќе се одигра во недела (1 октомври) во СРЦ „Кале“ со почеток од 19:00 часот, а влезот во салата ќе биде слободен.

Покрај Македонија, Шведска и Србија, во квалификациската група за ЕП Франција 2018 се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови со која ќе одиграме два натпревари во март 2018 година.

Фото: РФМ