ГРК Борец Велес: Нема да тренираме, зошто сеуште не ни се исплатени платите?

Известување од Ракометарите и Стручниот Штаб на ГРК Борец АД Велес…

Од денеска, 20. ноември 2017 год. Градскиот Ракометен Клуб Борец Велес ја информира Општина Велес која е генерален спонзор дека нема да тренира.

Клубот вели дека нема никакви информации досега за состојбата во која се наоѓаат и за нивните постоечки договор, иако имаше ветување.

Воедно се поставува и прашањето зошто сеуште не им се исплатени платите и дали во иднина ќе им бидат исплатени?