ЗОИ 2018: Првото злато во Пјонгчанг го освои Швеѓанката Кала

Првиот златен медал на Зимските олимпски игри во Пјонгчанг го освои Швеѓанката Шарлот Кала во крос кантри скијање во скиатлон.

Кала во дисциплината 7,5 километри + 7,5 скиатлон го освои златото со резултат 40 минути, 40,9 секунди. Тоа е нејзин трет златен олимписки медал.

Сребрениот медал го освои Норвежанката Марит Бјерген со заостанување од 7,8 секунди зад победничката. Тоа е нејзин 11. олимписки медал и стана најтрофејната олимпијка во историјата на зимските игри.

Трета низ целта помина Криста Пармакоски од Финска со 10,1 секунди заостанување.