Женг ја освои титулата на турнирот во Гвангжу

Во женското финале на главниот ВТА турнир кој што се одржа во Кина…

Триумф на домашната тенисерка Џуаи Женг против српската претставничка Александра Круниќ со резултат 2:1 по сетови 6:2, 3:6 и 6:2 за два часа игра.

Србинката во првиот сет имаше проблеми со сервисот, загуби три гема на свој сервис, на што немаше одговор, но во вториот успеа да ја стабилизира свбојата игра, што и донесе резултат и израмнување во сетови.

Но, во сетот на одлука, повторно проблеми од првиот сет имаше Круниќ, па пехарот замина во рацете на Женг.

3 Comments

Leave a Reply