Започна новата сезона во Ф1: Пол-позиција за Хамилтон во Австралија! (ФОТО, ВИДЕО)

Со официјалните квалификации за Големата награда на Австралија започна новата сезона во Формула 1…

Првата пол-позиција сезонава ја освои Луис Хамилтон кој по 72. пат во кариерата (вкупно седма пол-позиција во Мелбурн) ќе стартува од најдоброто место пред неделната главна трка.

Зад него останаа Кими Раиконен, Себастијан Фетел и Макс Ферстапен, додека болидот на тимскиот колега на Британецот, Валтери Ботас, беше уништен, после што за кратко беа прекинати квалификациите, но веднаш беа продолжени.

Актуелниот светски шампион во последниот круг возеше навистина фантастично и дојде до победата пред второпласираниот натпреварувач од Финска и воедно член на Ферари.

Главната трка в недела (25. март) ќе започне во утринските часови од 07:10 ч. по македонско време.