Втор пораз на македонските тенисерки во Фед Купот

Денеска македонската женска Фед куп тениска репрезентација (ранг 75) го одигра и третиот натпревар во Гамарт, Тунис.

Во рамките од групата А (Трета Евро Африканска зона) беше претрпен и вториот пораз овојпат од селекцијата на Литванија (65).

Претходно беше остварена победа над Исланд (2:1) и уште еден пораз од Ерменија (0:3) со што нашите најдобри тенисерки и наредната година ќе играат во истото натпреварување.

Најпрвин во првиот меч кој траеше нешто над два часа, Марија Еленова загуби од Паулина Бакаите со резултат 2:0 по сетови 7:5 и 7:6 (0).

Во вториот дуел кој заврши за еден час, убедливо со 6:0 и 6:1, Катарина Маринковиќ беше совладана од Јоана Еидуконите.

Третиот најавен натпревар во двојки ќе биде само формален, Ана Ристевска и Јана Таневска треба да се соочат против Ивета Даујотаите и Герда Зукуте.