ВТА: Возњацки го освои најважниот пехар во кариерата! (ВИДЕО)

Каролина Возњацки во Сингапур ја прекина негативната серија против Венус Вилијамс и дојде до првиот трофеј на завршниот турнир оваа сезона.

Освен што е прв пат во кариерата после седум порази во низа успеа да ја совлада Американката, го освои и најважниот трофеј, пехарот на завршниот турнир помеѓу осумте најдобри тенисерки годинава.

Данската натпреварувачка славеше со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:4 против 37-годишната Вилијамс, највозрасна која некогаш се борела за трофејот на завршниот турнир оваа сезона и воедно беше запрена после 2008. година повторно да слави и дојде до вкупно 50. пехар во кариерата.

Возњацки која беше и прва тенисерка на светот во 2010. година, оваа сезона освои само еден трофеј, на турнирот во Токио.