Во одлична форма пред „Ролан Гарос“: Надал убедливо до титулата во Монте Карло! (ВИДЕО)

Рафаел Надал го совлада Кеи Нишикори со 2:0 (6:3, 6:2) во финалето на турнирот во Монте Карло…

На тој начин Шпанецот со овој триумф над јапонскиот натпреварувач дојде до 11. титула во Монако, односно 31. трофеј на Мастерс турнирите.

Популарниот Рафа дојде до победата за нешто повеќе од еден и пол час и покажа дека се наоѓа во одлична форма пред вториот Грен слем турнир оваа сезона, „Ролан Гарос“ (27 мај-10 јуни 2018 год.)