Веќе се мисли за наредната сезона: Иџе го тестираше новиот ТЦР Хјундаи во Италија! (ФОТО)

Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе имаше ексклузивна прилика…

Го тестираше новиот ТЦР автомобил Hyundai i30 N TCR за фабричкиот гигант во авто спортот- Хјундаи мотоспорт. Овој настан се случува на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, италијанецот Габриеле Таргвини.

Чест е да се добие покана и шанса да бидеш меѓу првите во светот за тестирање на светски признат и докажан фабрички тим. Посебно сум горд затоа што поканата е добиена директно од врвен возач како Таргвини, кој заедно со шефот на Хјундаи мотоспорт, господинот Андре Адамо одлучиле и јас да бидам дел од овој фантастичен настан на официлајниот тест на патеката Нуволари во Италија.

Задоволен сум и поради фактот, што самиот тест помина одлично, дури и ги надмина моите очекувања. Условите на патеката не беа идеални, но брзината и умешноста да се справам уште во првите кругови со еден нов автомобил, ми помогнаа во реализацијата. Морам да нагласам дека успеав да достигнам време кое е завидно за таа патека. Ова е патека на која настапувам првпат.

Јас сум задоволен, а задоволен и е мојот инжинер Мирослав Растовиќ со кога сме заедно тука. Целата екипа е пресреќна. Мошне позитивни се и рекациите во тимот на Хјундаи мотоспорт од кои добив искрени честитки.

Најголема радост ми причини реакцијата на големиот Таргвини со кој си разменивме многу информации околу новиот автомобил“, рече Стефановски.

Тој додава дека во текот на следните денови ќе се направи уште едно тестирање, најверојатно на сува подлога, со цел да се добијат детални податоци за новиот автомобил.

Мојот тим веќе прави анализа со која би донеле одлука дали можеби токму овој автомобил би бил нашиот арсенал за следната сезона“, вели популарниот Иџе.