Вардар со новото засилување Симовски ќе се обиде да ја врати шампионската слава!

Одбојкарскиот клуб на Вардар оваа сезона ќе биде посилен за услугите на македонскиот репрезентативец, еден од браќата Симовски, тоа е Дејан кој и официјално стави потпис на договор со „црвено-црните“.

Тој претходно настапуваше за екипата на Лешок од Тетово, откако дојде од првенството на Франција, од екипата на Епинал.

Неговиот брат, Јовица Симовски е исто така успешен одбојкар и дел од екипата на Ајачио, исто така во Франција. И двајцата се репрезентативци на Македонија, која ја предводи Жарко Ристовски.

Дејан ќе биде големо засилување за Вардарци во вториот дел од сезоната.

Големи засилувања за вториот дел од сезоната, искусниот репрезентативен коректор Дејан Симовски и официјално ги засилува нашите редови.

Покрај него, со уште еден интернационалец и репрезентативец значително го подигнуваме нивото и квалитетот на организација на нашата игра.

Амбициите за враќање на двојната круна во Скопските витрини се реални. НАПРЕД ВАРДАР“, стоеше на официјалната страна на ОК Вардар.