Уште еден трофеј за Стојанова на „Божиќниот турнир“ во Белград

Откако вчера го освои трофејот во двојки…

Денеска македонската тенисерка на „Божиќниот турнир“ (У14) во Белград (Србија) успеа да дојде до нова титула.

Јана Стојанова како втора носителка во сингл конкуренцијата убедливо ја совлада Атина Пита од Грција со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:0.

На патот до финалето Стојанова славеше победи уште против:

1. коло vs Лола Радивојевиќ (Србија) 6:2, 5:7, 6.4
2. коло vs Лаура Дукиќ (Србија, квалификант) 7:5, 6:1
Четвртфинале vs Суана Туцаковиќ (Босна и Херцеговина, 5. носителка) 6:2, 6:4
Полуфинале vs Џакелин Огунвел (Велика Британија, 3. носителка) 6:2, 6:3

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Стојанова со трофеј на „Божиќниот турнир“ во Белград! (ФОТО)