Успешен старт на Јотовски на главниот турнир во Анталија

Со две победи започна Томислав Јотовски на главниот турнир во Анталија кој што се игра за награден фонд од 15.000 илјади американски долари.

Најпрвин во првото коло од сингл конкуренцијата како осми носител убедливо со резултат 2:0 по сетови 6:3 и 6:1 го елиминираше турскиот натпреварувач со „вајлд-кард“, Гокберк Ергенеман.

За пласман во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Шахин Каледан (Иран, квалификант) и македонскиот тенисер Бесир Дургути кој исто така ќе настапи со „вајлд-кард“.

Со триумф Јотовски стартуваше и во дубл, заедно со Канаѓанецот Павел Крајник со 6:0 и 6:3 славеа против Германците Марвин Гревен и Нико Мертенс.

За пласман во полуфиналето ќе играат со победниците од дуелот Михаил Балмашев (Русија, „вајлд-кард“)/Данил Чорнус (Украина, „вајлд-кард“) и четвртите носители од Италија Лука Џакомини и Корадо Сумариа.