У14: Ивановски обезбеди четвртфинале на турнирот во Шведска

Најдобро рангираниот јуниор на Македонија, Калин Ивановски, оваа недела настапува на Теннис Европа турнирот од 1 категорија, „Kungens Kanna & Drottningens Pris“ во Стокхолм, Шведска.

Калин Ивановски е со ранг 44. место на Тенис Европа ранг листата до 14 години. Денеска во третото коло го победи 15. носител на турнирот од Бугарија, Драгомир Драганов со резултат 6-2, 6-3.

В петок (1. март 2018 год.) ќе игра 1/4 финале против седмиот носител, Германецот Александер Блокс (13 на ТЕ)

Постигнати досегашни резултати на Ивановски на овој турнир:

1/4 финале 01.03.2018
Калин Ивановски (44 на ТЕ)-Александер Блокс, (7. носител) (13 на ТЕ)

3 коло 28.02.2018
Калин Ивановски (44 на ТЕ) 6-2, 6-3 Драгомир Драганов, Бугарија [15] (40 на ТЕ)

2 коло
Калин Ивановски (44 на ТЕ)- Мили Пољицак, Хрватска [1] (2 на ТЕ)

1 коло
Калин Ивановски (44 на ТЕ)-Филипо Романо, квалификант Италија (363 на ТЕ) 6-2, 6-0