Триумф и во Бишофсхофен: Полјакот Стох ја освои Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ (ВИДЕО)

Полјакот Камил Стох втор пат по ред е победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

На последната четврта скокалница во Бишофсхофен (Австрија), триумфираше со скокови од 132,5 и 137 метри за вкупно четири максимални победи.

Ваквиот учинок му успеал и на Свен Ханавалд од 2002. година. Стох ја запиша воедно 26. победа во Светскиот куп.

Втор со скокови од 130 и 139 метри (272,4 бода) беше Норвежанецот Андреас Фанемел, додека трет домашниот натпреварувач Андреас Велингер со 129 и 139,5 метри и вкупно 270,5 бодови.

Стох оваа новогодишна турнеја ја заврши со 1.109 бодови, пред Велингер (1.039) и Фанемел (1.021). Воедно Полјакот благодарение на триумфот ја презеде челната позиција во Светскиот куп со 723 бодови, пред Германецот Рајхард Фрајтаг (беше повреден и остана без бодови) со 711 и Велингер (569).

РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТАТА СКОКАЛНИЦА ВО БИШОФСХОФЕН:

КОНЕЧНИОТ ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПОСЛЕ НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА „ЧЕТИРИ СКОКАЛНИЦИ“:

НА ВИДЕО ЗАПИСОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ НАСТАПИ, ПОБЕДИ НА КАМИЛ СТОХ НА НОВОГОДИШНАТА ТУРНЕЈА (ГЕРМАНСКИТЕ ОБЕРСДОРФ И ГАРМИШ-ПАРТЕНКИРХЕН, АВСТРИСКИТЕ ИНСБРУК И БИШОФСХОФЕН).