Три медали за „Миоки“ на меѓународниот џудо турнир во Софија

Македонскиот џудо клуб „Миоки“ имаше тројца натпреварувачи на меѓународниот турнир во Софија…

На „Локомотив Опен“ беа освоени вкупно три медали, Моника Стојковска дојде до третото место (У15), Матеј Богатиноски трето место (У9) и Емилија Паскоска со прво место (У7).

Да потсетиме, минатиот месец „Миоки“ дојде до медали и на „Сакура Опен“ во Катерини (Грција), исто така три, два бронзени и еден златен.