Трето место за Лазаревски на ФИС меѓународниот скијачки натпревар на Бјеласница (ФОТО)

Мирко Лазаревски, членот на ски клубот Меденица, како и член на македонската детска репрезентација до 16 години…

Учествуваше на меѓународниот фис натпревар „Деца за мир во светот” кој се одржа на Бјеласница (БиХ) и постигна трето место во трките од велеслалом и слалом.

Својата добра форма Лазаревски ја потврди и на фис трката во Мокра Гора, каде исто така ја освои бронзата односно трето место во слаломската трка.

Фото: skimacedonia.mk