„Трета среќа“: Возњацки ја освои титулата на Австралија Опен! (ВИДЕО)

Тоа беше трета среќа за Каролина Возњацки, после два порази во финалните мечеви, ја освои Првата Грен слем титула, откако на Австралија Опен ја совлада Симона Халеп со 7:6 (2), 3:6 и 6:4.

Со првиот пехар од најголемите турнири, данската натпреварувачка се врати на првото место на ВТА ранг листата после шест години пауза.

Од друга страна, Романката го претрпе третиот пораз во финалните дуели на најголемите натпреварувања, и од понеделник ќе го загуби приматот „најдобра на светот“.

Меч полн со драма и интензитет одиграа двете моментно најдобри тенисерки на светот. Овој дуел Халеп го заврши со 40 „винери“ и дури 48 неизнудени гршеки, а на спротивната страна Возњацки направи 25 директни поени и 28 грешки.