Тодоровска и Јада со втори места на Мавровскиот меморијал

Македонските нордијци имаа успешен настап на традиционалниот „Мавровски меморијал 2018“…

Викторија Тодоровска беше второпласиран на трката на 5 километри со време 18:45.2 мин., зад победничката Нанси Окоро (Бугарија) со 17:48.6, додека третопласирана заврши Србинката Ања Илиќ (19:18.7)

Ставре Јада го освои второто место на трката долга 10 км., со резултат 29:06.8 мин., пред Романецот Флорин Роберт Долхаску (29:11.8), а пред прворангираниот Мартин Пенчев (Бугарија, 28:22.4).

Освен од Македонија, Бугарија, Србија и Романија, учествуваат уште натпреварувачи од Грција, Турција и Луксембург.