Таеквондо клубот „Феникс Кик“ со четири сребрени медали од турнирот во Софија

Таеквондо клубот „Феникс Кик“ изминатиот викенд учествуваше на силниот меѓународен турнир„ 4 Хереја Трофеј“ во Софија на кој учествуваа шест држави: Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција и Романија со околу 650 натпреварувачи.

Клубот настапи со четворица натпреварувачи, надежите се изборија за четири финални борби што за „Феникс Кик“ е голем успех, но за жал никој не се закити со златен медал.  Сите покажаа одлични борби храброст и зрелост која им е потрна.

Стефан Димовски пионер -21 сребрен медал

Лука Ангелов пионер -40 сребрен медал

Давид Цеков пионер -52 сребрен медал

Марко Грујоски кадет +65 сребрен медал

На овој силен натпревар Лука Ангелов покажа и докажа дека е еден голем талент кој прераснува во врвен борец од кој во иднина ќе се очекуваат врвни резултати, имаше три победи и пораз во финалето.