Свиндал подобар од Јансруд во Кицбил

Аксел Лунд Свиндал е победник на супервелеслаломот во Кицбил во рамките од Светскиот куп.

Почетокот на натпреварувањето беше одложен поради снек и слаба видливост, а потоа патеката беше и скратена.

На првото место се најде Свиндал со време 1:30.72, пред Четил Јансруд (1:31.22) и Матијас Мајер (1:31.28). Во генералниот пласман на СК води Марсел Хиршер со 974 бодови, втор е Хенрик Кристоферсен со 800, а трет Алексис Пинтарол (579).

Во супервелеслаломот Јансруд е водечки со 260 бодови, следен од Свиндал со 214.