Светската шампионка Шифрин доминираше на слаломската трка во Линц

Американката славеше во слаломот во австрискиот Линц…

На тој начин Микаела Шифрин ја потврди својата одлична форма и оваа сезона.

Актуелната светска шампионка, како во слаломот така и во генералниот пласман, забележа нова победа и го зацврсти лидерското место на табелата.

Таа имаше резултат 1:43.87 и беше за 89 стотинки побрза од второпласираната Венди Холденер од Швајцарија, а третата позиција ја има Швеѓанката Фрида Хансдотер.

Води Шифрин со 721 освоен бод во генералниот пласман, пред Германката Викторија Ребенсбург (430) и Тине Виратер од Лихтенштајн (374).

Во слаломот Шифрин е прва со 280 бодови, пред Петра Влхова (Словачка, 260) и Хансдотер (121). Во петок ќе се вози и велеслаломот во женска конкуренција.