Свечено отворени 23. Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг 2018! (ФОТО, ВИДЕО)

Иако натпреварувањето на 23. Зимски олимписки игри започна уште в четврток, Игрите официјално се отворени во петок, со церемонијата „Мир во движење“, чија кулминација, секако, беше палењето на олимпискиот пламен.

Церемонијата е одржана на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг, кој прима 35.000 илјади гледачи. Завршната церемонија исто така ќе биде одржана тука, во јужнокорејската провинција Гангвон.

Милиони евра издвоија организаторите на вештачки снег, плашејќи се од недостаток на природен, но тоа што фактички стана проблем (или сепак „проблем“) за натпреварувачите и гледачите се секако изразито ниските температури кои ќе преовладуваат во наредниот период во овој дел од Јужна Кореја.

Поради тоа и самите посетители на спектакуларната церемонија на отворањето добија практична заштита од зима и ветар, капи, греачи за раце и стопала, итн.

Специјално дизајнираниот факел (чија димензија од 700 милиметри претставува надморска височина – изразена во метри – Пјонгчанг) е направена во бели и златни тонови, кои што се и официјалните бои на овие Игри, а предвидено е да издржи било какви временски непогоди кои можат да се случат во наредните 16. дена.

Овие се вторите Олимписки игри кои што ќе се одржуваат во Јужна Кореја, претходно Летна Олимпијада беше организирана во 1988 год. во Сеул.

На Игрите ќе има вкупно 102 спортови, четири повеќе во однос на претходните игри (многу се очекува од натпреварувањето во т.н. „биг ер сноубординг“).

Учествуваат 2.952 натпреварувачи, ќе настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

Дебитираат шест земји, тие се: Еквадор, Еритреја, Малезија, Косово, Нигерија и Сингапур.

Потсетување, Националниот комитет на Русија е суспендиран од ЗОИ 2018 поради наводен спонзориран допинг од страна на таа држава.

Од друга страна, над 160 руски натпреварувачи, од кои многумина за прв пат ќе учествуваат на Игрите, добија право да се натпреваруваат под неутрално Олимписко знаме.

Да додадеме уште дека Македонија ќе биде претставена од тројца учесници:

– Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)
– Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
– Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.

Следните зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, НР Кина, во 2022 година.


Фото: EPA