Швајцарска доминација на Федерер и Бенчиќ во „Хопман купот“ (ВИДЕО)

Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ го освоија „Хопман купот“ со Швајцарија.

Во финалето со конечен резултат 2:1 ја совладаа Германија која беше во состав Александер Зверев-Анџелик Кербер.

Во првиот меч Федерер играше нервозно на самиот старт, но потоа го „разби“ Зверев – 6:7 (4:7), 6:0, 6:2. Кербер потоа го врати ударот, бидејќи лесно ја совлада Белинда (6:4, 6:1), па одлучуваше микс пресметката.

Во мешани парови подобро се снајде швајцарската комбинација која на крајот славеше со 4:3 (5:3) и 4:2. На тој начин Федерер по втор пат во кариерата дојде на врвот во ова натпреварување, а прв пат тоа го направи во 2001. година со Мартина Хингис.