Стојанова со трофеј на „Божиќниот турнир“ во Белград! (ФОТО)

Македонската тениска надеж се закити со трофеј на „Божиќниот турнир“ (У14) во Белград (Србија).

Во големото финале денеска Јана Стојанова во двојки заедно со четвртата носителка Лола Радивојевиќ (Србија) со резултат 2:0 по сетови 7:5 и 6:4 ги совладаа Андреа Обрадовиќ (3. носителка, Србија) и Суана Туцаковиќ (Босна и Херцеговина).

На патот до финалето Стојанова (ФОТО, најдесно) и Радивојевиќ славеа победи уште против:

1. коло vs Ива Шепа (Србија)/Лара Стојановски (Србија) 6:1, 6:2
Четвртфинале vs Бјанка Булат (Романија)/Јиона Гејер (Франција) 6:3, 6:2
Полуфинале vs Тијана Сретеновиќ (Србија)/Емилија Здравковиќ (Србија) 6:1, 6:2

Стојанова има шанса да се закити со уште еден трофеј од Белград, имено во сингл конкуренцијата во финалето ќе игра против Атина Пита (Грција).